марјана арт

NOTE: To use the advanced features of this site you need javascript turned on.

Насловна
Калеидоскоп
Марјана во „Калеидоскоп“ - Филм на Сандра Ристовска

Скопско Лето 2008

08 Јули, Вторник
21:00 и 22:30 часот - Премиера на документарниот филм „КАЛЕИДОСКОП“
Сценарио и Режија - Сандра Ристовска
Директор на фотографија - Натали Шултен
Промотер - Катја Есон
Локација - Музеј на современа уметност - Скопје 


Прочитај повеќе...
 
Време и Место
Во уметноста секогаш сме на подрачјето на "создаденото", а никогаш на "даденото", Она што е дадено во некоја слика, пластика или роман, историските и социолошките услови, психолошките и физиолошките процеси на уметникот, материјалната физика или хемија - тоа се реалии. Создавањето се однесува на преминот на агрегатот на реалиите во со-стварноста на уметничкото дело.
Макс Бензе

time_place.jpgНајновиот циклус дела на Марјана Костојчиноска претставува една симбиоза од досегашните искуства на авторката и потрагата по авторефенцијалност, експериментирање, евалуирање. Навидум, овие дела наликуваат на нешто што е вон ракурсот на досегашните размис-ли на авторката, но напротив, тие се еден консекутивен исход со логична импостација.
Прочитај повеќе...
 
јас. култура. Пат
Спознавањето на културата, па дури и сопствената, е вековна битка. (Џон Ван Манен)
Јас не/е не/сум заменка, туку иронична своина на родната именка. (Џералд Визенор)
 
Травестијата на пост-индустриското постоење го повикува поединецот да ја изнаоѓа плуралноста на сопственото јас во/низ некогашните, веќе отфрлени општествени форми, со авто-рефлексивен или етно-инклузивен карактер. Честопати, вакво едно патување, кон/од многу-значното човеково јас, наведува на уште еден исчекор: желба за помирување со сопственото минато, со севкупноста на неговата поделеност.

self_journey.jpgНиз еден таков исчекор, со цел да се заокружи пат во/кон минатото, современиот (поли-значен) творец, Марјана Костојчиноска-Узунчева ја ослободува пост-индустриската парадигма на многу-значното јас (и неговата шегртска поставеност) кон постоење на минато, на една култура, како неопходна спрега со многуслојната сегашност. По вокација графичар, дисциплина која традиционално е одбележана од машка рака, Костојчиноска ја користи естетиката на својот занает така што ја преиспитува нејзината формативна поставеност за да истата ги вклучи оние отфрлените, маргинализирани, нејсе, обеззвучени уметнички места, како такви проникнати низ народниот фолклор. И патот е: произнесување кон традиционалните елементи на културниот контакт, оној меѓу народното уметничко минато и неговите денешни чеда.
Прочитај повеќе...
 
Кафе Цигари и Разговори
cigari.jpgПрофесионалните и приватните аспекти на живо-тот на еден уметник постојано се испреплетуваат, некогаш наоѓајќи се во дирекна колизија, а некогаш совршено надополнувајќи се. Работата во студио како да ја прави таа преграда истовремено и провокација за едно можно бришење на дихотомијата интимно/јавно, за едно слободно движење на субјекот и знакот од едната во другата сфера.
Прочитај повеќе...
 
НЕСОВРШЕНСТВОТО НА ПРАИСКОНСКИОТ КРУГ
Според Рудолф Арнхајм кругот е прв организиран облик кој произлегува од случајните и неконтролирани детски чкрабања. Во најновата серија цртежи на младата авторка Марјана Костојчиноска кругот претставува основна ликовна структура која истовремено ја означува и тематската заокруженост на изложбата: училишниот двор и сите детски активности во тој неправилен круг.

Полемиките околу мотивацијата за толку честата опседнатост кај децата со наједноставниот, од сише облици се движат од Фројдовското објаснување дека шоа е резултат на подражувањето на тркалезните предмети во околината до употребата на кругот поради неговата едноставност за копирање од страна на невештата детска рака што се должи на централната симетричност во сите правци.
Прочитај повеќе...